Ја засилуваме работата за да ги изведеме окупаторите пред лицето на правдата. Мора да има меѓународен суд и тој ќе биде. За се што тие направија против Украина. Против нашиот народ. За секој чин на тероризам на руските војници на територијата на нашата држава, истакнува претседателот Зеленски во своето обраќање.
Обраќањето на претседателот Зеленски го пренесуваме интегрално:
„Ја засилуваме работата за да ги изведеме окупаторите пред лицето на правдата. Мора да има меѓународен суд и тој ќе биде. За се што тие направија против Украина. Против нашиот народ. За секој чин на тероризам на руските војници на територијата на нашата држава.
Обвинителството на Украина и агенциите за спроведување на законот веќе ја започнаа оваа работа. Исто така, важно е да се започне со активност на истражната група на Меѓународниот кривичен суд во Украина, која заедно со нашите агенции за спроведување на законот веќе ги собираат сите докази, собираат факти за воените злосторства извршени од страна на напаѓачите во нашата земја. За тие да добијат правен одговор – законски и конкретен.
Разговарав со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан. Тој веќе е во Украина, веќе почна да работи. Па, окупаторите ќе одговараат за сите воени злосторства врз Украинците.
Синоќа, руските војници продолжија со гранатирање на украинска територија, нашите мирни градови, нашите граѓани. Харкив и областа. Тие го бомбардираа брегот на Одеската област. Нанесоа ракетни удари во Киев. Извршија напад на цивилната инфраструктура на Запорожје.
Заклучно со утрово загинаа 103 деца.
Руските трупи сега и нанесоа стотици пати поголема штета на Украина отколку на Донбас за осум години војна. А најмногу настрадаа токму териториите на Донбас, пограничните региони во руски правец, Кијивската област и јужниот дел на Украина. Најпогодени се тие територии за кои руските пропагандисти отсекогаш зборувале како место на живеење на луѓе особено блиски до Русија.
Веројатно, нема ненуклеарно оружје што окупаторите сè уште не го користеле против нашите цивили. Еве каква е нивната блискост. Еве го нивното пријателство. Еве го, како што го нарекуваат во Москва, „поделениот народ“.
Во Украина до денес се уништени вкупно 400 образовни институции, најголем број во Доњецката област – 119. Во Мариупол, окупаторите зазедоа болница, регионална болница за интензивна нега. И без друго веќе оштетена од руски бомби. Пациентите и лекарите се во заробеништво. Во болницата внесоа уште и жители од соседните куќи. Повеќе од 400 луѓе се заложници!
А окупаторите ја користат болницата како стрелачка позиција за гранатирање на градот.
Ова повторно злосторство на руската војска против Мариупол не се разликува од заземањето на болницата во Будионовск од страна на Басаев. Иако … се разликува. Сега е уште полошо.
Синоќа окупаторите зеле како заложници шест лица во градскиот совет на Буча.
Украински спасувач кој беше заробен во договорен хуманитарен коридор е во заробеништво! Во заложништво се држат градоначалници на неколку наши градови, активисти, новинар… Руската држава стана отворен терорист. И таа не се срами. Но таа ќе снесе одговорност за се.
Светот веќе почнува да разбира дека без признавањето на Русија како терористичка држава, ќе биде невозможно да се врати правдата за Украина, ќе биде невозможно да се врати меѓународниот поредок.
Денеска потпишав важен указ за сенароден минутен молк во чест на споменот на сите Украинци кои загинаа во нашата патриотска војна. Сите оние што ги загубивме поради руската инвазија. Поради теророт што го покренаа окупаторите.
Секое утро во 9 часот на целата територија на нашата држава ќе се сеќаваме на Украинците кои ги дадоа своите животи. Сите што се бореа. Сите воени и сите цивили. Возрасни и деца. Сите! Сите оние кои би можеле уште да бидат живи доколку Русија не ја започнала оваа војна.
Вечен спомен на сите загинати за Украина!
Загубите на окупаторите продолжуваат да растат.
Бројот на уништени непријателски војници веќе се приближува до 14.000. Десетици илјади руски војници беа ранети. Тие веќе изгубија повеќе од сто пропелери. Наскоро ќе има стотици изгубени авиони.
Уништени се повеќе од 400 руски тенкови, плус неколку илјади единици друга опрема.
Ја одземаме напуштената непријателска опрема од бојното поле и ја користиме за заштита на нашата држава и нашиот народ.
Ако знаете каде е непријателот и каде ги фрлил тенковите или другите оклопни возила, „оклопи“ или топови, информирајте ги украинските сили. Ајде да искористиме се за нашата победа! И заради победата бидете мудри.
Не објавувајте детали за нашата работа за противвоздушна одбрана кога ќе слушнете како момците работат. Не објавувајте мапи што ќе ги најдете во напуштени руски возила и во искршените командни пунктови на окупаторите. Ве молиме дајте им ги на нашите војници. Нека бидат искористени за да страда непријателот!
Денеска во три часот според Киевско време ќе се обратам пред Конгресот на Соединетите Американски Држави.
Ова ќе биде важен говор. Говор од сите нас, од секој наш бранител, од секој наш граѓанин. За најмоќната демократија во светот. За државата и народот, кој може многу да направи за да ја запре руската агресија, да го врати мирот на нашата земја.
Пред осум години, на денешен ден, руската држава организираше лажен „референдум“ на територијата на нашиот украински Крим. Што подоцна го искористи за да го оправда заземањето на нашата територија. Ова беше нелегално. Ова беше уништување на целата безбедносна архитектура во Европа, која беше создадена по Втората светска војна. Но, Русија отиде на тоа.
Ако тогаш имаше барем навестување за таков отпор, што го правиме сега, што го правите вие сега… Ако тогаш светот реагираше барем половина како што треба да реагира сега и реагира… Сигурен сум дека немаше да се случи ниту оваа инвазија, ниту осумгодишна војна во Донбас. Сето ова зло се роди од окупацијата на Крим. Од наша слабост, бруталните постапки на Русија, за кои таа требаше да биде казнета уште во 2014 година.
Сега сме многу посилни, обединети сме. Сега сме голема нација.
Но… Немаме временска машина и не можеме да се вратиме во моментот кога се се решаваше.
Можеме и мора да се бориме денес, сега. Можеме и мораме да ја заштитиме нашата држава, нашиот украински живот. Можеме и мораме да преговараме за праведен, но праведен мир за Украина. За вистинските безбедносни гаранции кои ќе функционираат.
Ова е амбициозна задача. Тешка. Ова е долг пат. Но, сигурен сум дека ние, Украинците, можеме да го направиме сето тоа. Ние, Украинците, можеме да победиме. И да говратиме мирот.
Мирот по кој сите толку копнееме.“