ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Штетници во Македонскиот парламент

Алтернативни наслови: Локалните слуги на Лудакот од Кремљ одиграа една морбидна и гротескна едночинка. Или: Се подбива ли Апасиев со Баздникин?

March 17, 2022 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Екстремниот десничар Апасиев го примил рускиот амбасадор Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија овие (најблаго речено) политички будали, 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.“

Што да се каже за „големата вест“ објавена на партиската веб страница и во медиумите?

Најкраткиот опис

Гнасна манипулација, дрско омаловажување на уличарски, гангстерски нивоа и евтина провокација е најкраткиот опис на овој настан.

Да се обидеме поблаго, иако тоа овој инцидент не го заслужува. Овој чин е крајно недостоинствен и не ѝ доликува на било која држава, најмалку на некоја што претендира на статусот супер-сила во светот. В ред, угледот е одамна нарушен, а претензијата веќе сега е минато, но тоа е друга мрачна тема.

Баздникин можел да ѝ одговори на глупавата (најблаго речено) покана од „вознесениот, жизнерадосен домаќин“, дека не му доликува да влезе во институција од толку висок ранг во државата што ја осуди ѕверската агресија на неговата земја. Неговата земја бомбардира и убива деца, а политиката на лидерот на неговата земја потсетува на најмрачните режими од Втората светска војна. Требало да најде барем толку дипломатски манири во себе и да ја одбие оваа понуда, а за возврат, ете, да ги покани македонските екстремни десничари кај него во амбасадата.

Гротеска

Како и да е, настанот изобилува и со комични и гротескни елементи.

Баздникин му се предал на искушението да учествува во овој евтин, глупав, грд и провокативен чин во парламентот, иако, освен осудата на агресијата, нашата држава му откри и избрка најмалку двајца шпиони од неговата амбасада. Еве и едно прашање кое ја открива комичната (и гротескна) димензија на оваа, во суштина, грда постапка.

Каков е тој амбасадор на држава во војна што потрошил 90 минути со локални политичари на партија со двајца пратеници? Притоа, се работи за екстремни десничари со низок политички морал и крајно вулгарен, насилнички и уличен вокабулар. Може лесно да се помисли и дека неговиот домаќин, Апасиев, грубо се подбива со него, му го одзема времето и соодветно на неговата навика – го трола! Уште пократко: Се подбива ли Апасиев со Баздникин?

Кога за ова би дознал шефот на Баздникин, искусниот дипломат во светски размери, Лавров, не сум сигурен дека би бил одушевен. Но Лавров има „малку“ посериозни проблеми да решава во моментов…

Навредлив е односот на Апасиев кон јавноста и гласачите

Да. Навредлив е односот на Апасиев кон јавноста, но уште повеќе кон членовите и гласачите на партијата која себеси се нарекува Левица. Ако не е подбивање, тогаш е многу чудно снисходливото однесување кон амбасадор на една држава чиј лидер сака да го воскресне царизмот, а истовремено да се води партија чиј назив е Левица. За тоа дека амбасадорот доаѓа од држава што ја води воен злосторник и да не говориме.

Нема ништо левичарско во постапката со која неурамнотеженото шефче на Левица толку возгордеано ја трола јавноста. Напротив, тоа е навреда! Навреда е за сите членови и гласачи на Левица кои велат дека се искрени приврзаници на политичката левица во нашата земја. Треба да размислат членовите и гласачите што за себе велат дека се левичари за мотивите и природата на оваа клика што ја киднапира партијата и ја претвори во руска агентура и екстремно-десничарска банда.

Лично искуство

Кога сме кај снисходливоста, ваквото однесување на Апасиев не ми е непознато.

Партијата што ја приватизираше Апасиев ме тужеше за мој личен став изразен во текстот „Леви десничари… Фејкери“. Да, да, цела една партија тужеше автор на колумна. И – во судница – се пожали („кутриот“ тој) дека моето пишување му предизвикало душевна болка, а во партијата предизвикало сериозен раскол.

Го изгуби спорот.

Лош е овој филм

За негова среќа, а за несреќа на општеството, овој штетник и непријател на македонските национални стратешки определби, неговата партија опстана. Воедно, буџетот на оваа банда се зголемува од ден на ден, на сметка и на македонските даночни обврзници. Тоа, да бидеме искрени, не се должи само на руската поддршка за оваа партија и жестоката пропаганда, туку и на исклучително ниското ниво на политичка и изборна писменост во земјата.

Да заклучиме. Во Македонскиот парламент имаше инцидент – штетници нападнаа една просторија и таму се задржаа 90 минути. Локалните слуги на Лудакот од Кремљ одиграа една морбидна и гротескна едночинка. Но ако дел од луѓето се наивни, да се надеваме дека институциите тоа не се. Лош е овој филм. Институциите имаат законска обврска да се соочат со продуцентите и актерите.

*

ПС. Сметам дека, освен институциите, обврска имаат и медиумите и креаторите на јавното мислење да реагираат на ова грубо омаловажување и подигрување со демократските институции и јавноста. Тролањето, навредите, смртните и другите закани што по овој текст ќе се објавуваат на социјалните мрежи и пропагандните гласила на радикалната десница и проруските агитпроп подруми е прифатлива „цена“ во напорите за одбрана на јавниот интерес.


Сите права се задржани. Текстот е ЛИЧЕН СТАВ на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шестмина членови на криминалната група Грчец добија затворска казна од вкупно 50 и пол години

July 15, 2025

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска во Кочани

July 15, 2025

ЛШ квалификации: Шкендија вечерва го пречекува ТНС

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сулејмани: Фестивалот „Кенге Јехо“ ги зацврстува културните врски и меѓународната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk