Штом ќе се огласат сирените за напад, голем број Украинци од Лавов се упатуваат во засолништата кои се добро опремени и организирани, пренесува репортерката на „Слободен печат“ Кристина Атовска која ноќта ја помина токму во едно такво засолниште.
-Мислев дека ќе ја поминам ноќта на железничката станица поради полицискиот час во Лавов, но за среќа пристигна возот точно на време пред тоа и имаше хуманитарци кои не упатуваа каде да се движиме. Ноќта се огласија и сирените за напад и мораше да одиме во бункер за да се засолниме, раскажува Атовска за првата ноќ помината на украинска територија.
Погледнете како изгледаат ноќите поминати во бункер во Лавов.