ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Минатата година рекорден број слушатели на предавањата на Народната банка за финансиска едукација

March 20, 2022 12:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рекорден број слушатели на предавањата за финансиска едукација на Народната банка имало во 2021 година – биле одржани вкупно 102 предавања на кои биле присутни 6351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори.

-Беа вклучени 70 различни училишта. Предавањата на македонски и на албански јазик се одржуваа преку интернет поради пандемијата на КОВИД–19, за учениците и од градските и од руралните средини. Исто така, минатата година од страна на Народната банка беа изработени повеќе едукативни материјали за финансиска едукација, како едукативни презентации, текстови, видеоматеријали и инфографики, наменети како за младите, така и за возрасното население, соопшти Народната банка. 

Во контекст на системскиот пристап за подигање на финансиската писменост во земјава, додава НБ во соопштението, финансиските регулатори што таа ги предводи  минатата година ја усвоија и  ја објавија првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

-Оваа стратегија претставува значаен чекор во понатамошните активности за финансиска едукација и инклузија во земјава. Согласно со Стратегијата, беше усвоен Кодексот на добри практики за финансиска едукација, со којшто се утврдуваат принципите коишто треба да се применуваат при спроведувањето на финансиската едукација на населението во земјава, од страна на сите субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, коишто ќе бидат вклучени во овој процес. Со Кодексот се овозможува координиран пристап на дејствување и на субјектите од приватниот и од граѓанскиот сектор. Оттука, забележливи се и активностите за финансиска едукација од страна на банките и штедилниците, како и граѓанските здруженија коишто се активни во оваа сфера и исто така  придонесуваат за поголема финансиска писменост на населението, посочува Народната банка. 

Во соопштението додава дека и натаму ќе придонесува во подигањето на финансиската писменост во земјава преку низа активности, бидејќи, како што истакнува,  во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тренчевска: На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk