ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовиран ТИМ 40 – нова иновативна и креативна асоцијација во Стопанската комора

March 20, 2022 09:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ТИМ 40 е новата форма на здружување во Стопанската комора на Северна Македонија, чиј претседател во следните четири години ќе биде Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата „Еден на еден“.

Како што се наведува во соопштението од Комората, ТИМ 40 ќе работи на обединување на младите претприемачи и преку новите трендови и практики, во условите во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, да внесе свежина и нови трендови на менаџирање и на дејствување, заради изнаоѓање решенија и заради следење успешни практики. „Еден на еден“, „Директ медија“, „Вертиго“, „ИВМ нетворк“, „Фригоколд“, „Тиго“, „Кликни-јади“ и „Точка“ дополнително, стои во соопштението, ќе придонесат во развојот и во промоцијата на претприемачкиот дух, како еден од клучните двигатели за иден економски развој.

– ТИМ 40 ги има мојата поддршка и поддршката на Комората бидејќи и политиката на најстарата и најмоќна бизнис-асоцијација, во годината во која слави 100 години постоење, покажува и докажува дека само со афирмирање и со приклучување на помладите генерации, со нивната иновативност и креативност, има потенцијал да се внесат свежина и нови трендови на менаџирање и на дејствување, изјавил Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, се подвлекува во соопштението.

Иако стара според годините на постоење, 100 години, Стопанската комора, посочуваат во соопштението, е исклучително млада и жилава кога станува збор за креирање активности за потребите на компаниите, кои од ден на ден се менуваат во зависност од нивните приоритети и од моменталните барања на пазарот, но и од актуелните случувања на глобален економски план (корона-кризата, економската криза, финансиската криза, скапите суровини и енергенси, како и воениот руско-украински конфликт, кои ги билдаат цените на суровините на светските берзи и доведуваат и до недостиг од суровини, енергенси и сл.).

Комората ги препозна тие сигнали навреме и го воспостави концептот на иднината за забрзан економски развој на државата, модел замислен уште во 2010 година. Услови за негово целосно активирање биле создадени во 2016 година, со трансформација на внатрешните процеси, а во 2021 година, во екот на здравствено-економската криза, станал функционален и понуди нова, подинамична и современа комора, ориентирана кон иднината, во која дигитализацијата, напредните технологии и иновациите се основата на стопанскиот развој на државата.

За таа цел, како дел од активностите за одбележување на 100-годишнината од постоењето на Комората, и Советот за напредни технологии, во интерес на поттикнување на техничко-технолошкиот развој и унапредување на квалитетот на производството и на услугите поврзани со иновации и со напредна технологија, како и со примена на стандарди и на добри деловни практики во работењето, на средината на јуни годинава, ќе ја реализира Годишната конференција.

Акцентот ќе биде ставен врз три сегменти: промоција на мерките поврзани со напредните технологии, промоција на компаниите кои користат напредни технологии и промоција на Комората како субјект кој ги поврзува и ги развива онака како што е предвидено во стратешкиот коморски документ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Збогум, драги Игоре

НАЈНОВО

Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителство поведе постапка против 19-годишник за серија кражби

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk