ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Државата успешно ги менаџира последиците од кризата

March 21, 2022 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ, рече државата добро ја менаџира кризата, која е последица на војната во Украина и дека во јавноста, но и во регионот, се коментира дека Северна Македонија има направено најширок опсег на мерки во регионот, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

 – Ние секогаш работиме на планот на менаџирање и подготвени сме да ги менаџираме последиците од кризата, но очекуваме и би сакале руската агресија во Украина да заврши поскоро. Во комуникација сме и со Европската Комисија и со другите меѓународни финансиски институции за тоа на кој начин најбрзо и најдобро да се помогне на Северна Македонија, бидејќи навистина во последниве два месеци, новата Влада вложува максимални напори со директно буџетско субвенционирање на ублажување на ценовните шокови … покачување на мин.плата, повеќе средства за пензионерите, заштита на животниот стандард на граѓаните и други 26 мерки за намалување на дел од давачките, со цел да се ублажи ценовниот шок, кажа Маричиќ.

 Вицепремиерот за европски прашања рече дека Европската Унија дава внимание кон земјите од Западен Балкан, а особено на Северна Македонија и Албанија, за поддршката што ја дадовме во однос на Украина, што и двете држави направија еден морален, искрен избор и се приклучивме кон санкциите за Русија.

– Она што е битно е да цврсто останеме на вистинската страна, да помогнеме на украинскиот народ толку колку што може и да апелираме што поскоро да заврши руската агресија во Украина. Сметам дека досега е стабилна ситуацијата, во смисла на информативно претставување на реалната слика во Украина сме добри и тоа го правиме и преку владините и преку медиумските канали, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека во наш интерес и во интерес на сите држави во Европа војната што поскоро да престане за да може да се анулираат или менаџираат последиците од таа војна кои се тешки и хуманитарни и економски.

 Во интервјуто заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања кажа дека е задоволен од директната и отворена комуникација со бугарската влада и од тоа што јасно се разбираат со своите бугарски колеги околу нашите позиции, и дека останува на умешноста на двете страни, да изнајдат решение за сите отворени прашања.

 – Новиот дијалог си нормализира односите со Бугарија, провокациите се сведени на минимум, и мислам дека генерално не постои негативна комуникација, ниту во јавноста ниту надвор од јавноста меѓу двете влади. Тоа значи новиот пристап даде резултати и во односите меѓу двете земји и во соработката на работните групи, од кои се очекуваат позитивни резултати во наредниот период, истакна вицепремиерот Маричиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: Со 1,2 милијарди евра финансиска поддршка заштитивме над 60.000 работни места

НАЈНОВО

Скриншот

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

НАСА ќе се збогува со Меѓународната вселенска станица во 2030 година − се отвора ерата на комерцијалните вселенски станици

October 19, 2025

Во Дебар излезеноста до 11 часот 5 отсто, во Центар Жупа 4,8 отсто

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk