ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Односите со Бугарија се смирени, провокациите сведени на минимум

March 21, 2022 12:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во врска со посетата на високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел на Скопје минатата недела, рече дека „никој не очекува дека треба некој нешто да ни вети, но очекуваме во моментот кога ќе се завршат сите обврски околу реформите и кога ќе ги надминеме разликите со Бугарија, веднаш да се отворат преговорите“.

– Нам не ни треба никакво ветување, затоа што сме имале многу, а не се оствариле, и мислам дека јавноста треба не да се вознемирува во таа насока. Наш интерес е да ги почнеме преговорите и во моментот кога ќе ги завршиме сите разногласија со Бугарија очекуваме ЕУ веднаш без одложување, да ги почне преговорите, нагласи Маричиќ.

Според него, секоја посета на висок претставник на ЕУ за нас е позитивна и добра вест, без разлика на неагативниот одек во јавноста, алудирајќи на изјавата на Борел дека ЕУ не може да ни вети датум туку волја за почеток на преговори.

– Треба да сме задоволни од посетата на Борел, бидејќи таа посета беше во еден тежок момент и треба да сме задоволни бидеќи нејзина цел, барем нам како што ни беше пренесено, беше ЕУ да покаже внимание кон државите од Западен Балкан и да се заблагодари особено нам на Северна Македонија и на Албанија за поддршката што ја дадовме за Украина со тоа што доброволно се приклучивме кон санкциите на ЕУ, и целта беше да се даде поддршка за тоа и да се даде поттик за продолжување на разговорите со Бугарија,, рече Маричиќ во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Коментирајќи го нивото на односите со Софија, тој оцени дека тие сега смирени.
– Односите со Бугарија се смирени, провокациите се сведени на минимум. Генерално не постои негативна комуникација помеѓу двете влади, Тоа значи дека новиот пристап даде резултати и дека успеавме да ја нормализираме комуникацијата таа да се одвива на повеќе нивота, вели Маричиќ.
Во врска со менаџирањето на економската криза предизвикана од војната во Украина, и дали се очекува помош на ЕУ во таа сфера, Маричиќ вели дека во комуникација сме и со ЕК и со други меѓународни финансиски институции за тоа на кој начин најбрзо и најдобро да се помоне на Северна Македонија.
– Во последните два месеци вложуваме максимални напори со буџетско субвенционирање за ублажување на ценовните шокови, со цел граѓаните тоа да не го почувствуваат. Ние сето тоа го образложивме на ЕК и во разговори сме на кој начин и колку можат да помогнат. Од нивна страна постои подготвеност, тоа го кажа и високиот претставник Борел, меѓтуоа допрва следува на кој начин и мислам ќе има поддршка за повеќе држави, не само за нас, бидејќи сите се опфатени од кризата, рече Маричиќ. /МИА/.
Next Post

Во текот на неделата сончево и потопло време

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk