Благодарение на довербата и соработката што ги обезбедува Отворен Балкан договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење, и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу сите економски партнери од двете земји, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
„Во моментов го завршив состанокот со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ. Благодарение на довербата и соработката што ги обезбедува Отворен Балкан договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење, и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу сите економски партнери од двете земји.
Обезбедивме договорите на нашите компании од сите стопански комори да бидат реализирани. Граѓаните пак да бидат спокојни, нашата држава ќе има доволно количини од овие стратешки култури. Во време на светска криза иницијативата „Отворен Балкан“ ни овоможува партнерство со Република Србија“, пишува во објавата.





