ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сè уште е рано за симнување на маските, надлежните апелираат за помасовна анти-ковид вакцинација

March 22, 2022 08:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден, по долго време е регистрирана двоцифрена бројка на нови позитивни случаи на коронавирусот. Потврдени се 64 позитивни лица на Ковид-19, од кои 12 се реинфекции. Министерот за здравство, Беким Сали вели дека намалениот број на нови случаи не е индикатор оти Ковид-кризата е надмината и „сè уште е рано за симнување на маските“.

Надлежните институции апелираат на што помасовна вакцинација, а од вчера започна и караванот за вакцинација против вирусот, што има за цел да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација. Започна во Шуто Оризари, а во следните две недели ќе опфати 14 општини.

Караванот за вакцинација против Ковид-19 денеска од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови караванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

– Кризата со Ковид-19 сè уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да пристапат кон вакциналните пунктови. Им се заблагодарувам на сите здравствени работници кои не поддржуваат во оваа акција и на сите матични лекари кои ја поддржаа нашата иницијатива со поканување на нивните пациенти кои се во ризична група, порача министерот за здравство, Беким Сали.

Во однос на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, Сали очекува денеска да се одржи состанок на Главниот кризен штаб, а потоа тие да бидат изгласани на владина седница.

Една од препораките е да се ослободат учениците од основните училишта од носење маски. Тој додаде дека посакува сите да бидат ослободени од маските, но сепак реалната состојба не го дозволува тоа.

– Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи сè уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека вирусот сè уште кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но сè уште не сме за симнување на маските, додаде Сали.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани се 296 оздравени пациенти и четири починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а на активни случаи изнесува 1.890. /МИА/.

Next Post

Почеток на преговори за време на француското претседателство правичен потег, Скопје и Софија продолжуваат да ја унапредуваат соработката и комуникацијата

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk