ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Паднатото либидо на локалниве „путинолози“

Како што вели една стара мудрост од Подржикоњ, (глупав) народ (како Украинците) што бира комичари за претседател, (заслужено) појадува гранати за појадок... Наместо, абдали, да си избраа некој близок до КГБ за претседател, ќе си појадуваа кавијар секој ден.

March 23, 2022 10:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Трогателно е да се гледа шокот и неверувањето низ коешто поминува дел од македонската (особено машка, православна, приближно средовечна) јавност заради неуспехот на Путиновата инвазија врз Украина во првиот месец од обидот Русите да ја „ослободат“ и „денацификуваат“ братската славјанска украинска нација, духовно падната и материјално заробена во демократските идеали на западната демократија. Толку надежи и симпатии, потајно и топла љубов, имаат вложено овие наши сограѓани, со години наназад, во ликот и делото на Путин, што просто не можат да веруваат дека на ваков мизерен начин тој нив ги остава „на цедило“! Толку кафеански кавги со пријателите на тема за супериорноста на Истокот, наспроти гнилежот на Западот… Толку одгледани телевизиски часови со восхит за великосрпските непокорни и храбри лидери… Толку запаленија на мускулите од веењето знамиња со ѕвездата од Вергина и реки потења под пластичните златни шлемови на Александар Македонски… Денови и ноќи поминати по фејсбук со пцовки и навреди против глобалистите, педерите, северџаните, ваксерите, шиптарите и прозападните курви предавнички… Толку тетоважи со крстови – „Па, што ако се украинските цркви постари од руските! И тие се руски!!!“ – и толку крстови пркосно обесени по ретровизорите (додуша, сите возат западни марки на возила, ама таа техничка „револуција“ одамна ги изеде своите деца)…

И сето тоа распрснато како меур од сапуница во лепливата пролетна украинска кал, кога ништо – ама баш ништо! – не оди според освојувачките планови на Путин. Разочараноста им е толку голема, што е претворена во прашање на одбрана на личната чест, семејната слава, сопственото либидо и елементарната самодоверба! Гневот ги тера да бараат употреба не само на уште посуперсонично, море и хемиско, туку и нуклеарно оружје, сега и веднаш! Трета светска војна? Па, што! Џабе ли толкава надеж инвестираа во Империјата што требаше славно да го возврати ударот!?

Ми личат овие наши сограѓани на оние очајни Германци при крајот на Втората светска војна кои до последен момент веруваа дека Хитлер само што не го употребил „тајното оружје“ со кое ќе ги сотре противниците и ќе ја поврати славата на Третиот Рајх. Некои од искрените ариевци, кои ја преживеаја таа војна, со години веруваа дека и воениот пораз, самата капитулација на фашизмот е мудар, привремен маневар на Фирерот, кој и своето самоубиство во бункерот само го одглуми за да ги залаже сојузниците и да се повлече на некоја супер тајна локација во Аргентина како би се реорганизирал, би се прегрупирал, а потоа повторно би удрил уште посилно и попобеднички во слава на национал-социјалистичките идеи. Цврц, ништо од тоа не бидна.

Что делает сега?

Па, за жал, ништо посебно. Оваа катастрофа може да трае со месеци, без победници. Сите чекаме да видиме уште колку Украинци и Руси ќе загинат во оваа бесмислена војна, уште колку украински градови ќе бидат срамнети со земја, за Путин да може да прогласи „победа“, по што веројатно ќе дојде до некакво примирје и договор за поделба, гаранции, повлекувања на трупите, демилитаризирани тампон-зони, привремени статуси…

Секако, нашиве „пут(к)инолози“ тоа ќе го протолкуваат како пораз на Западот, на штета на наивната Украина која целата воена катастрофа, всушност, самата си ја заслужи, бидејќи 45 милиони Украинци се празноглави среброљупци кои Западот ги лажеше да влезат во конфликт со испровоцираната, принципиелна, слободољубива, вистинољубива, прогресивна Русија. Тоа и до сега е овдешната доминантна теорија за оваа воена руска калварија предизвикана само од дијаболичниот западен антируски заговор, за Америка да може мирно да владее со светот. Бидејќи, како што е општо познато, само ингениозноста на Путин и супериорноста на руската армија се клучната пречка за агресивноста на Западот.

Односно, како што вели една стара мудрост од Подржикоњ, (глупав) народ (како Украинците) што бира комичари за претседател, (заслужено) појадува гранати за појадок… Наместо, абдали, да си избраа некој близок до КГБ за претседател, ќе си појадуваа кавијар секој ден.

Тоа е тоа, ние не можеме да ги поразиме нашите вљубеници во Путин, а не можеме ни да им се придружиме. Ќе мора да ги издржиме кога гласно тагуваат, па белки со лесно ќе им помине.

 


Преземено од ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk