ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Столтенберг: Сојузниците загрижени дека Кина може и материјално да и помогне на Русија

March 23, 2022 15:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Западните сојузници се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка на Русија за нејзината војна во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната прес конференција пред утрешниот Самит на Алијансата.

– Кина ѝ даде на Русија политичка поддршка, вклучително и со ширење бесрамни лаги и дезинформации, а сојузниците се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка за руската инвазија, информира Столтенберг.

Тој додаде дека лидерите на НАТО што утре ќе присуствуваат на вонредниот самит во Брисел „ќе ја повикаат Кина да ги исполни своите одговорности како членка на Советот за безбедност на ОН, да се воздржи од поддршка на руските воени напори и да се придружи на остатокот од светот во повикот за итен мирен крај на оваа војна“.

Столтенберг ја коментираше и вчерашната изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку се загрози нејзиното постоење.

– Русија мора да престане да „тропка“ со нуклеарно оружје. Тоа е опасно и неодговорно. НАТО е тука да ги штити и брани сите сојузници, а ние и пренесовме јасна порака на Русија – во нуклеарна војна не може да се победи, и поради тоа не треба ни да се започнува.

– Ова само ја нагласува важноста да се стави крај на војната во Украина. Мораме да направиме сè што можеме за да спречиме војната да ескалира надвор од границите на Украина и да стане посмртоносна и поопасна од она на што сме сведоци денес. Секоја употреба на хемиско, биолошко, нуклеарно оружје ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека никогаш нема да може да победи во нуклеарна војна, рече Столтенберг./MИА/.

Next Post

Пронајдена црната кутија на авионот на компанијата „Чајна истерн“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk