ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: За промена на изборниот систем потребен е консензус

March 24, 2022 14:05
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го повтори ставот дека секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус, пренесува МИА.

– Стојам на ставот дека треба да има консензус за тоа прашање, затоа што со консензус е донесен и Изборниот законик и изборниот модел во 2002 година, рече Џафери на денешната средба со медиумите.

Прашан за измените на Изборниот законик и за заклучокот на собраниската Комисија за политички систем да се организира јавна диксусија по повод измените за воведување една изборна единица, Џафери информира дека тој заклучок треба да се достави до Собранието, кое потоа треба да донесе одлука за јавна дискусија, што, како што рече, значи друга процедура.

Џафери појасни дека во тој случај се определува матично работно тело кое ќе ја води дискусијата, веројатно тоа ќе биде Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се објавува текстот на законот кој оди на јавна дискусија, за што рокот е околу 30 дена за објава, пријава, разгледување и за укажување. Потоа матичното работно тело треба да ги обработи тие укажувања и сето тоа ќе одземе време, што според него, значи дека не се работи за брз процес.

Претседателот на Собранието ја образложи постапката дека законот е на пленарна седница и кога ќе дојде Извештајот од Комисијата, службите ќе одработат по однос на заклучокот. Потоа, Собранието определува кое ќе биде матичното работно тело, кое ќе ја води дискусијата и ќе ги собира сите податоци.

Џафери истакна дека Законот е во редовна постапка, што значи дека Собранието прво треба да реши дали е прифатлив или не. Ако Собранието изгласа дека предлогот е прифатлив, тој оди во понатамошна постапка. Ако Собранието реши дека не е прифатлив предлогот, тогаш се стопира целата процедура и истиот закон не може повторно да се достави во рок од 90 дена.

За изборот на уставните судии, Џафери рече дека тоа е во надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и оти нема потреба од најава.

Next Post
Наталија Задорожњук,
Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Задорожњук: Оваа војна е почеток на крајот на Русија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk