Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, објави на Фејсбук Спасовски.
„Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата.
Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме тоа.
Како МВР имаме многу подобрувања, откривачката дејност за корупција во 2021 е зголемена за 50% во однос на 2020, за 114 случаи со штета од 97.3 милиони денари“, пишува во објавата.