Руската Федерација започна нова фаза на терор против градот Мариупол. Жителите кои го преживеаја руското бомбардирање и артилериско гранатирање сега се обидуваат насилно да ги депортираат на територијата на Русија, пишува во изјавата на Министерството за надворешни работи на Украина.
Изјавата на Министерството за надворешни работи на Украина ја пренесуваме интегрално:
„Руската Федерација започна нова фаза на терор против градот Мариупол. Жителите кои го преживеаја руското бомбардирање и артилериско гранатирање сега се обидуваат насилно да ги депортираат на територијата на Русија.
Во посебна опасност се наојдоа 15.000 жители на Левиот брег во областа Мариупол, кои руските окупатори сега насилно ги принудуваат да заминат на руска територија. Напаѓачите им ги одземаат на луѓето пасошите и другите лични документи.
Според достапните информации, руската армија насилно депортирала околу 6.000 жители на Мариупол во руските филтрациони логори за да ги искористи како заложници за политички притисок врз Украина.
Паралелно, руските вооружени сили ги гранатираат колоните за евакуација кои се обидуваат да го напуштат Мариупол кон неокупираната територија на Украина. Руските војници продолжуваат да го држат хуманитарниот конвој на автобуси што пристигна пред неколку дена со мариуполците од Запорожје.
Ваквите дејствија од страна на Русија се грубо кршење на законите и обичаите на војната, правилата на меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителниот протокол I кон Женевските конвенции.
Ги повикуваме светските лидери собрани денес во Брисел на самитите на НАТО, Г7 и ЕУ да преземат итни мерки за спасување на животите на жителите на Мариупол и другите украински градови кои се најдоа во нехумана опсада од страна на руската армија.
Меѓународната заедница мора да воведе нови остри санкции кон РФ за да ја запре нејзината смртоносна воена машина, како и да ги прекине сите деловни врски со руските компании за прекинување на финансирањето на војната на Русија против Украина“.