ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование

March 26, 2022 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на отворањето на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование, во чии рамки викендов се одржува првиот модул, јавува МИА.

Пендаровски, како што информираа денеска од неговиот кабинет, во своето обраќање посочи дека целите на Школата за политики, како централна активност на Претседателскиот центар за политичко образование се изградба на солидарно и инклузивно општество, поттикнување на политичкиот и општествениот дијалог преку надминување на поделбите и промоција на мултикултурноста како клучна алка на поврзување меѓу граѓаните.

-Уверен сум дека учесниците во втората генерација на Школата ќе имаат исклучителна прилика не само да ги надградат своите знаења и способности, туку и да се поврзат и да изградат контакти кои ќе влијаат врз нивниот натамошен личен и професионален развој, порача претседателот.

Шефот на државата истакна дека во однос на темите што ќе бидат обработени, повторно, фокусот ќе биде на стратешките, но и на актуелните прашања за нашата држава и општество, како што се: демократијата и човековите права, функционирањето на правната држава и борбата против корупцијата, социоекономскиот развој, НАТО и безбедносните предизвици во светло на актуелните случувања, интеграцијата во Европската Унија, но и младинските политики, правата на маргинализираните заедници и политики во делот на регионалната соработка.

Школата за политики се одвива во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Цели на Школата се да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, да придонесе кон градење на единство преку учење, како и да ја промовира културата на дијалог.

На настанот се обратија и Томас Хјуз, независен гувернер во Управниот одбор на Фондацијата за демократија на Вестминстер, директор на „Надзорниот одбор“ на „Фејсбук / Инстаграм“ и други претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, како и проф. Александар Љ. Спасов, од Правниот факултет, советник на претседателот, кој воедно е и претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование.

Во рамки на Школата за политики за 2022 година ќе се одржат пет едукативни семинари, кои ќе се реализираат во периодот од март до ноември годинава со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт”, Меѓународен републикански институт (ИРИ), „Конрад Аденауер”, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондација за демократија на Вестминстер, Фондација „МК2025” и Регионална организација за младинска соработка (РИКО).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Северна Македонија ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) што го договорија ЕУ и САД

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

СДСМ води во Центар, ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и повеќето скопски општини

October 19, 2025

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

October 19, 2025

Мисајловски: Некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 50 градоначалници

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk