Беше одлучено да се обеси џиновска буква „Z“ на зградата на московскиот театар Олег Табаков. Во обидите на уметничкиот директор Владимир Машков, да му служи на Кремљ, тие го посрамотија целиот театар, објави на Твитер профилот рускиот политички затвореник, Андреј Пивоваров, поранешен директор на движењето Отворена Русија (кое веќе не постои) и опозиционер. Додека Пивоваров е во затвор, Твитер налогот го води неговиот тим.
На здании московского Театра Олега Табакова решили повесить гигантскую букву Z.
В попытках Машкова выслужиться перед Кремлем они опозорили весь театр. pic.twitter.com/X2pUClVjuz
— Андрей Пивоваров (@brewerov) March 29, 2022
Руската полиција лани на 1 јуни го уапси Пивоваров за наводна поврзаност си поранешниот нафтен тајкун и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски, пред летот за Варшава од аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Пивоваров, бил приведен за наводни прекршувања на законот за „непожелни организации“ и ги повика руските власти да го укинат законодавството.
„Овој случај не е изолиран инцидент, но потврдува постојан образец на намалување на просторот за граѓанското општество, опозицијата и критичките гласови, како и независните медиуми во Руската Федерација“, се вели во изјавата на Европската комисија од 2 јуни 2021 година.
Европската унија лани ја повика Русија да го ослободи активистот Андреј Пивоваров, кој беше уапсен во рамки на пошироката акција против критичарите на Кремљ.
И. З.