Според религиската припадност, 46.14 % од резидентоното население во земјава или 847.390 лица се изјасниле како православни, 590.878 (32.17%) како муслимани, 6.746 (0.37%) како католици, а 242.579 (13.21%) се издвоени во посебна група како „христијани“, покажуваат пописните резултати што ги објави денеска Државниот завод за статистика, jaвува МИА.
Како протестанти се декларирале 1.313 лица, а како посебни религиски групи се посочени и евангелско-протестанстки христијани 8.764, евангелисти-методисти 889, евангелсисти 678, адвентисти 371, баптисти 70, реформисти 50, јеховини сведоци 1.137.
Има и 74 припадници на еврејско (мојсиева) заедница, 96 харе кришна и 894 будисти.





