ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ученици од Прилеп и од Шабац редизајнираа стара облека

March 31, 2022 13:10
in ДЕНЕС, МОДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се употреби истата стара облека, од неа да се создаде ново парче гардероба, кое и понатаму може да се носи, е еден од методите за борба против хиперконсумацијата, а токму тоа го учеа и развиваа учениците од прилепското текстилно училиште заедно со нивни врсници од Стручното хемиско и текстилно училиште од Шабац.

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, од 21 – 27 март годинава ја реализираше првата размена од проектот „Sustainability as a determination and a road to the futurе“ RYCO Superschools.

На гости им дојдоа дванаесет ученици од Шабац, со кои беа реализирани неколку работилници, обуки и изложби.

Координатори на проектот се Јулијана Поповска професор по стручни предмети во текстилно-кожарска струка СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и Драгица Миќиќ професор по практична настава во текстилна струка„Стручно хемиско и текстилно училиште“ од Шабац.

– Наше партнер училиште во проектот е „Стручно хемиско и текстилно училиште“ од Шабац. Во размената се вклучени дванаесет ученици, Техничари за изработка на облека од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп со двајца професори и дванаесет ученици – модни кројачи од Стручно хемиско и текстилно училиште од Шабац со двајца професори. Реализацијата на првата размена во Прилеп помина одлично, со реализација на сите активност во дружење, пријатно расположение и позитивна енергија – вели Поповска за „Независен“.

Според неа, учениците се дружеле и се забавувале во текот на посетата.

– Пријатно е кога гледате насмеани, задоволни и среќни ученици, ученици кои се заблагодаруваат на гостопримството, на можноста која ја имале да бидат дел од размената. Убаво е да слушнете дека ја сакаат Македонија и сакаат да останат тука, а ппланираат да поминат летен распуст во Македонија кај учениците домаќини – додава Поповска.

Во рамките на проектот се реализираа интерактивни работилници кои имаа цел имплементација на процесите за градење на мир, помирување, мултикултурен дијалог и учење помеѓу училиштата, учениците и локалната заедница.

Ирина Тошева одржа онлајн презентација, запознавајќи ги учениците од текстилно – кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп заедно со партнер училиштето Стручна хемијска и текстилна школа Шабац со концептот на одржлива мода, начини на доработка со текстилни остатоци и редизајнирање на постоечки парчиња облека.

На креативните работилници, учесниците стекнаа основни знаења и вештини за редизајнирана стара облека и употреба на текстилен одпад и ја подготвија изложбата „Being different is in fashion“ која беше изложена во фоајето на домот на културата „Марко Цепенков“.

– За време на реализација на размената секој од секого учи – ние од учениците, учениците од нас – сите имаме иста цел и сме еднакви. Научивме многу нешта, кој сме ние, што имаме исто, а што различно, како да ги почитуваме различностите, како да ги надминеме бариерите пред нас, како да комуницираме, разговараме и толерираме. Верувам дека по оваа размена ќе се сменат многу перцепции, а и животни приказни – вели Поповска.

Таа тврди дека јазична бариера речиси и да не постоела со оглед на сличноста помеѓу двата народи, култура, традиција, а и сличноста на јазикот кој се користи.

– Учениците многу брзо се поврзаа едни со други, а со тоа се разви и меѓусебна соработка, иницијатива, радозналост и храброст за вклучување во сите активности, одлични интерактивни работилници и јас верувам дека оваа размена ќе ја паметат цел живот. Размена полна со емоции, топлина, љубов, позитивна енергија – вели Поповска.

Во рамките на проектот учесниците имаа можност да се запознаат со градот Прилеп и да ги посетат неговите обележја и културно историски споменици.

Македонските ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп од 11-17.04.2022. гостуваат во Шабац на втората размена во рамките на проектот „Sustainability as a determination and a road to the a road to the futurе“ #RYCO #Superschools каде ќе се надоградат знаењата од областа на одржливата мода и инплементација на процесите за градење на мир, помирување, мултикултурен дијалог и учење помеѓу училиштата, учениците и локалната заедница.

– Очекуваме да продолжиме со истата енергија која ја создадовме за време на размената во Прилеп, а пријателствата кои ги формиравме да траат цел живот. Соработката помеѓу училиштата да прерасне во традиција – вели Поповска.

Сo овој проект и покрај имплементацијата на активностите за поддршка на процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници, цел е и стекнување одговорен на однос на учениците и локалната заедница кон употребата, дизајнот, потрошувачката и продажбата на облека како и подигнување на свеста за заштита на животната средина, употребата на стара облека и негативната страна на хиперконсумација на облека. Но, и подигнување на свеста, неутрализација на дискриминацијата и разбивање на стереотипите, промена на перцепцијата кон учениците кои учат во средните училишта, текстилна струка.

Проектот е одобрен за финансирање од програмата RYCO Superschools. Superschools е програма на RYCO за училишна размена во Западен Балкан со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект “Western Balkans School Exchange Scheme” кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Билјана Богдановска / Независен

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk