ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Замолчете веќе, гњаватори едни!

Она што ме мачи најмногу е што овие кукавици сакаат да бидат тоа -„сиромашки“. Не во пари се разбира, туку во менталитет. Сакаат Македонците да останат вечно незадоволни, вечно онеправдани, вечно за греота, зашто „ете таква ни била судбината“ или кармата, или власта. Само Македонците се најнесреќни на Балканот, и тоа не од сега - отсекогаш. Тој феномен е загрижувачки зошто или е менталитет кој има свој генетски код, или полека, полека станува национална ДНК.

March 31, 2022 13:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Аман бе Апостоле Симовски, директоре, што не отвори посебна графа за мрчатори во прашалникот на Пописот ?! Сигурно ќе имаше повеќе од 130 000 такви зошто оваа македoнска почва е најплодна да раѓа: лажни патриоти, импотентни швалери, мачо папучари, искомплексирани домазети, скриени „педери“ во душа, нереализирани интелектуалци, и други мрсомудци кои сега со појавата на социјалните мрежи најдоа вентил за да ја испуштат својата канализација. На овие кењатори никогаш ништо не им чини. Тие за сè имаат „вистинско решение“, и што е најважно ја препознаваат секоја „завера“ што нѝ ја прави „власта “, Американците, „Шиптарите“, комуњарите, Бугарите, Европејците… на нас „сиромашките“ Македонци.

Она што ме мачи најмногу е што овие кукавици сакаат да бидат тоа -„сиромашки“. Не во пари се разбира, туку во менталитет. Сакаат Македонците да останат вечно незадоволни, вечно онеправдани, вечно за греота, зошто „ете таква ни била судбината“ или кармата, или власта. Само Македонците се најнесреќни на Балканот, и тоа не од сега – отсекогаш. Тој феномен е загрижувачки зошто или е менталитет кој има свој генетски код, или полека, полека станува национална ДНК.

Тие „мали“ луѓе сакаат сите нас како нација да не направат мали. А за среќа не сме. Напротив. Но откако новинарството колабира со во него случајно залутани индивидуи, без јасна уредувачка политика во медиумите, социјалните мрежи станаа главен извор на информации и на креирање јавно мнение. На нив се повикувaат и мејн стрим медиумите. А таму се знае кој доминира; анонимуси, медиокритети, партиски ботови и слични сероњи кои се полни со омраза, хејтање, ширење лажни вести. Добро има од време на време и по некој „среќен роденден“, или „тажна вест“ во општествената сфера…

Но 130.000 кукавици го послушаа „левиот“ повик за бојкот и сега ќе нè гњават дека пописот е наместен. Да, тие го наместија. И наместо да бидат благодарни што државата не сака да ги казни, ќе ги слушаме како кај нив не дошле попишувачите, не им оставиле порака, не бил добро организиран…откако се заврши се бунат зошто се нашле во графата без национална припадност кога тоа било познато од базите на податоци во кои тие некогаш, по некоја основа се внесени. Е да, ама таму не пишува што си СЕГА. Можеби си се пишал како Македонец кога си аплицирал за лична карта, или возачка, ама ТОГАШ. Во меѓувреме можеби си станал Србин, што е твое легитимно право, но тоа никој не го знае сè додека не се декларираш на Попис. Затоа молчете веќе еднаш, гњаватори едни.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани
Next Post

Огнен Малески: Протерувањето на 5 руски дипломати е целосно во функција на заштита на македонските национални интереси

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk