ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можно е Грција да го продолжи времетраењето на сертификатите согласно препораките од ЕУ

April 1, 2022 15:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно е времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, да се усогласи со времетраењето на европските сертификати, по препораката од Европската комисија до членките на ЕУ, најави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека до сите земји членки на Унијата имало препорака од Комисијата да ги унифицираат сертификатите и да важат девет месеци по вакцинацијата и шест месеци по прележан Ковид-19, а конкретното прашање, како и сите мерки поврзани со пандемијата во Грција, ќе го разгледа надлежната Комисија на епидемиолози.

– Нашата земја, поради тоа што сакаше да ја зајакне вакцинацијата, овие временски периоди ги скрати, сертификатот за прележана болест е тримесечен, а за вакцинација велевме дека по седум месеци се сметаш за невакциниран и затоа побарано е од Комисијата на епидемиолози да даде предлог, а бидејќи е насока што доаѓа од Европската унија до сите земји членки во целина, претпоставувам дека ќе предложат усогласување и на нашите сертификати. Односно, сертификатот за вакцинација да биде девет месеци, а потврдата за прележана болест шест месеци. Комисијата ќе заземе став, но очигледно ќе има усогласување, рече Плеврис.

Иако европскиот сертификат за вакцинација е валиден девет, а сертификатот за прележан Ковид-19 шест месеци, во внатрешноста на Грција, времетраењето е седум, односно три месеци, нешто што важи и за странците кои ја посетуваат земјата и доколку се усвои препораката од ЕК, ќе се поедностават правилата за туристите.

Како што неколкупати има објавено МИА, за патување во Грција, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза и без ограничувања по примена бустер доза, а потврдата за прележана болест трае 180 дена.

Во внатрешноста на земјата, сертификатите имаат помало времетраење,  па така, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, во Грција, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан Ковид-19.

Next Post

Тренчевска: Грижата за лицата со попреченост е наша одговорност и приоритет

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk