ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МПЦ-ОА се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

April 1, 2022 13:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, особено во делот за религиозната припадност каде сметаат дека постои сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението.

Како што се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.).

-Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле?!, стои во соопштението.

Исто така, повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот, што веројатно, како што се наведува, беше резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.

-Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13. 09. 02021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“. Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението, се наведува во реакцијата на објавените резултати од пописот од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

Според пописните резултати што ги објави неделава Државниот завод за статистика, во однос на религиската припадност 46.14 % од резидентоното население во земјава или 847 390 лица се изјасниле како православни, 590 878 (32.17%) како муслимани, 6 746 (0.37%) како католици, а 242 579 (13.21%) се издвоени во посебна група како „христијани“. /MИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Доленц, меѓународен експерт за статистика за СП: Македонскиот попис е во врвот на светските искуства во овој момент!

НАЈНОВО

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

Најнизок одѕив на локални избори од независноста на земјата, првпат не надминува 50 проценти

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk