ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска за ТВ ВИС: Градиме солидарно и праведно општество, ги унапредуваме правата и ја зголемуваме инклузијата на лицата со попреченост

April 2, 2022 22:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Концептот едно општество за сите е концепт зад кој цврсто стои Владата на РСМ и Министерството за труд и социјална политика и тоа е наша реалност. Насочени сме кон еднаквост и недискриминација и овозможување на еднакви шанси за сите граѓани и еднакви можности до ресурси за сите во општеството“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за  ТВ ВИС, Струмица.

Таа посочи дека сите политики се креирани во насока на создавање на  солидарно и праведно општество. Се работи на менување на перцепцијата на граѓаните кон различностите и прифаќање на лицата со попреченост и маргинилизираните групи кои треба да бидат интегрирани во општеството и во таа насока  политиките треба да водат кон нивна инклузија во општеството.

Министерката истакна дека развојот на современите политики за лицата со попреченост се видливи и преку воведувањето на Меѓународната класификација на функционирањето при проценката на децата со попреченост.

„Примената на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во нашата земја е отпочната, направивме обемни измени на правната рамка во законите и подзаконски акти, а самиот процес вклучува и воспоставување на стручни тела – служби за функционална проценка и јакнење на нивните капацитети. Со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со немедицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал,“ рече Тренчевска.

Министерката потсети на започнатиот процес на деинституционализација, односно преселбата на лицата со попреченост од институциите во групни домови преку нова форма на грижа- поддршка за живеење во заедницата. Таа информираше дека денес нема ниту едно лице под 18 години сместено во институција, а постепено се намалува бројот на возрасните лица. Досега се отворени повеќе од 15 мали групни домови, каде што овие лица добиваат 24 часовна поддршка од стручни лица и живеат во атмосфера  налик семејната.

„Воведување на правото за социјална сигурност, со кое на лицата кои не ги исполнуваат условите за пензија, им е обезбеден  сигурен месечен надомест, проширување на правото за попреченост и за лицата со  интелектуална попреченост, зголемување на  додатокот за надоместок за плата за скратено работно време до 50% од просечната плата, за родител кој чува дете со попреченост без разлика на возраста на децата, воведување на  додаток – траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст, се дел од политиките кои оваа Влада ги воведе, а значат вистинска грижа за лицата со попреченост, “рече Тренчевска.

Во врска со Заводот за рехабилитација Бања Банско и до каде е процесот на деинституционализацијата, министерката информираше дека до сега од заводот се преселени 12 корисници  кои успешно се реинтегрирани во локалните заедници каде што моментално живеат. Таа истакна дека процесот ќе продолжи, а планот е Заводот да се трансформира во еден дел модерен центар за рехабилитација и реинтеграција преку негова реконструкција, адаптација и набавка на нова опрема за таа намена, а во еден дел може да се размислува и за отворање на општински дом за стари лица за регионот на Струмица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk