Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса.
Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.
Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.
– Се надевама дека нема жртви, посочи Братчук.
Најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.
Гувернерот на украинската област Полтава, Дмитро Лунин изјави дека при напад на руските сили врз градот Кременчук целосно е уништена нафтена рафинерија.
– Пожарот во рафинеријата е изгаснат, но објектот е целосно уништен и повеќе не може да функционира, посочи Лунин.
Кременчук е важен индустриски град во централна Украина.
Украинските власти соопштуваат дека во нападот нема човечки жртви.