пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Сетете се на парламентарните состави во оваа 30 годишна повеќепартиска Македонија, и вратете ги видеата и отворете ги стенограмите на стотината апаши од внатре, да видите со какви реплики и контра реплики, со какви говори поентираа во оправдувањето на сопствените апашлуци пред целата јавност, која, змислете, и понатаму, на следните па на наредните избори гласот им го даваше ним, или дозволуваа истиот да им биде украден, узурпиран, уценет. Сите до еден, посебно од вморонската пратеничка и функционерска елита, без срам и перде од народната говорница и од медиумите, се огласуваа со оправданието – И ВИЕ ТАКА ПРАВЕВТЕ!…
Замислете, не е ова фраза, ниту е измислица, туку гола вистина со која пред здравиот разум и бистрите очи и уши на јавноста, на ограбените, апашите го оправдуваа сопствениот криминал пред другите – И ВИЕ ТАКА ПРАВЕВТЕ!- Не е оваа одбрана невообичаена, или, непозната за нас, ама е гнасна до коска. Погнасна здравје. Ем признаваат ем си даваат право да продолжат да крадат. Ако едниве ги сменат другите, и обратно, сите нови и стари имаат право да продолжат, за да народот се задоволува со сопствената јадност, беда, и неспособност, дека нашите помалку краделе од вашите. Јебена логика у пичку матер. И едниоте и другите те крадат, те пљачкаат, а ти, седнуеш на ФБ или у кафана, бапнуеш три четири жути, петшес пива, два литара шприцер, и на цел глас се давиш викајќи, дека неговите помалку краделе од твоите. И спремен е бре, да се тепа, ако треба. И нема за ваквите везе, тоа, што и едните и другите краделе. Тие не констатираат дека крадењето е крадење, дека нема мало и големо крадење…
За нив е битно кој повеќе а кој помалку, ама кредел. А каква е разликата помеѓу помалите и поголемите апаши на државната каса, гајле им е? Па да. Тие паѓаат у транс дека големите апаши ете, имаат по 11 милиони евра да остават гаранции пред судовите, и аплаудираат на тоа додека го крпат животот со 10 – 15 илјади денари месецот. Затоа важи сè уште тезата на покојниот Марјановиќ дека овој народ добива власт онаква каква што заслужува. И што ќе ни е другачија власт, ако вака продолжиме да гледаме на апашлукот на функционери и каобожемски политичари избрани од народот?
Ќе поентирам со одбраната на руската агресија врз Украина. Среќа малку ги има, ама, многу се гласни, и замислете, ја користат сличната флоскула „И ВИЕ ТАКА ПРАВЕВТЕ!“, бре, што сакате сега? Еј, за да поддржат злосторства единствената одбрана им е „И ВИЕ ТАКА ПРАВЕВТЕ!“. Така правеле НАТО и САД, ЕУ и сојузниците, во Ирак, Иран, Авганистан, Виетнам, Сирија, Палестина, и демек, се прави сериозен обид за одобрана на едно ново насилство, злосторство, предизвикано од друга воена велесила, од онаа за која овие имаат или гајат симпатии. А и едните и другите пролеваат крв, недолжна крв, маскарираат невини луѓе, силуваат недолжни жени, убиваат деца, во бегство се милиони души. А зошто да не го прават тоа, кога и Америте го правеа истото низ светот?
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.