ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Започната е енергетската трансформација со која се обезбедува чиста енергија и енергетска независност

April 6, 2022 16:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целта е Република Северна Македонија загадувачките производители на електрична енергија да ги замени со обновливи извори на електрична енергија, а тоа го правиме преку инвестиции во капацитети кои ќе произведуваат чиста и зелена енергија, како овој на локацијата на поранешниот рудник Осломеј. Ова го изјави претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа каков е планот на Владата за инвестирање во енергетиката согласно Зелената агенда на ЕУ и во услови на светска криза, информираат владините служби.

„Вие знаете дека донесовме одлука и за влегување како држава во проектот во Александропули кој што проект е меѓународен проект во Р. Грција заедно со Р. Бугарија и Република Северна Македонија, таму веќе имаме донесено одлука за закуп на количини на ЛНГ кои што преку интерконекторот кој што исто така е во изградба преку Грција до нашата држава ќе се транспортира тој гас“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата посочи дека, дополнително се работи за уште една конекција со Р. Бугарија за природен гас која што ќе овозможи доволни количини на природен гас во државата за да може исто така да се влезе и во инвестиции на гасни централи. За ова веќе има интерес од странски инвеститори, но и ЕСМ работи на проект, односно на студии кои што ќе овозможат дел од капацитетите кои што ги има за производство на електрична енергија да бидат трансформирани во производство на електрична енергија на база на природен гас.

„Сето тоа е навистина еден комплетен проект, добро осмислен во согласно со стратегијата на државата за енергетска транзиција до 2040 година, во Владата веќе работи тим кој што работи на проектите нормално заедно со потенцијалните инвеститори и изведувачи на работите, реномирани меѓународни компании и јас верувам дека доколку сите дадат се од себе како што дадоа се од себе оние кои што работеа на овој проект дека ќе се гледаме на уште вакви настани на пуштање на централи од обновливи извори на енергија. Тоа е патот напред и тоа е патот на транзиција и производство на електрична енергија за една земја која што сака да оди напред, а Република Северна Македонија е земја која оди напред“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот потсети дека освен инвестициите во Осломеј, преговори се водат со германскиот ВПД, еден од најголемите светски производители на електрична енергија од ветер и со АКИ од Франција еден од најголемите исто така светски производители на сончева енергија за конкретни проекти кои што се со големина од 900 мегавати.

Исто така во Битола се подготвува изградба на уште една фотоволтаична централа, во финална фаза на подготовка односно на отпочнување со градежни работи се и инвестициите на инвеститори од Р. Словенија и од Р. Бугарија кои што пред 2 години ги добија локациите за производство на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија.

Next Post

Активисти во Вилнус ги обоиле во црвено водите на езерце во близина на руската амбасада

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk