Во Вилнус, активисти ги обоиле во црвено водите на езерце кое се наоѓа во близина на руската амбасада во Литванија.
„Активисти ги обоија во црвено, водите на езеро во близина до руската амбасада во Вилнус, Литванија. Тоа ја симболизира крвта на украинските граѓани кои биле убиени и мачени од руските напаѓачи. Бојата не е штетна за животните или растенијата како што е договорено со организацијата за заштита на природата“, објави на Фејсбук, Министерството за надворешни работи на Украина.