ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Учениците од оваа година ќе може електронски да се запишуваат во средните училишта

April 6, 2022 13:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која  Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија.

Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација, но и факт е, рече тој, дека нејзините придобивки се исто толку значајни и во постковид периодот. Со новата услуга, нагласи Шаќири,  ќе се избегнат непријатните метежи и чекањето со документи в раце пред шалтерите, се заштедуваат трошоци за праќање по пошта, како и времето потребно за пријавување. Кон сето тоа, додаде Шаќири, е и транспарентноста во целиот процес.

-Покрај сите придобивки, дигитализацијата на услугите значи и минимизирање на можноста за какви било коруптивни дејства. Квалитетно и поедноставно обезбедување образовни услуги е меѓу повисоките приоритети во работата на МОН и во следниот период ќе продолжиме со нашите партнери да вложуваме во дигитален развој за да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите, истакна Шаќири.

Потсети дека во областа на образованието, дигитализирани се и голем број други услуги – аплицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, за субвенциониран студентски оброк, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, а родителите/старателите електронски се информирани за успехот на нивните деца во училиштата.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј посочи дека со новата дигитална услуга за средношколци, покрај услугата за упис во основните училишта од минатата година, се завршува проектот за електронско запишување на ученици во образованието во нашата држава и на тој начин и училиштата и децата односно родителите, рече таа, се ослободуваат од административни обврски.

-Поддршката во овие  реформи ќе направи разлика во животите на луѓето. Работиме со МОН повеќе години во програмите поддржани од УНИЦЕФ во предучилишното образование. Кога се случи пандемијата, работевме на прилагодување на програмите за да одговориме на предизвикот. Поддржуваме дигитални вештини во образованието и мило ми е што ги обезбедивме, рече Галовеј.

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и ковидкризата и затворањето дома кога, како што рече, не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата.  Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.

-Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта… Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.

Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.

Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата./МИА/.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 195 нови позитивни случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk