Советникот на министерот за внатрешни работи Вадим Денисенко изјави дека под урнатините на високите згради во градот Бородјанка може да има многу жртви. Луѓето се криеле во подрумите на високите згради, пишува порталот „Бран“.
“Има многу високи згради во Бородјанка, а луѓето се криеја во подрумите таму. Односно, сега мораме да ги расчистиме урнатините. Страшно е да се замисли што може да се види под овие урнатини”, рече тој.
На 4 април, генералниот обвинител Ирина Венедиктова рече дека најлошата ситуација во однос на бројот на цивилни жртви може да биде во Бородјанка.
Превод: Жорж Димовски