ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАТО ќе испрати повеќе оружје во Украина, но не може да обелодени детали

April 7, 2022 17:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на НАТО заедно со шефот на украинската дипломатија, ветено му е на Киев повеќе оружје, но не НАТО не може да објавува детали за типот на оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тоа го рече и украинскиот министер, Дмитро Кулеба, попладнево, одговарајќи на новинарско прашање дека “оружјето е како парите, тие сакаат тишина“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг, потврди дека не може да навлегува во овие детали. Неодамна некои земји членки на НАТО ја исклучија можноста од испраќање на одреден тип оружје како тенкови, нејасно е дали сите 30 стојат на овој став по денешната средба со Кулеба на која тој побара повеќе оружје и побрзо.

-Она што е важно е дека сојузниците веќе испраќаат значајна воена помош, рече Столтенберг попладнево и додаде земјите членки се согласни дека треба да се испраќа повеќе опрема и побрзо.

За Украина е важно да ја зајакне својата воена позиција на бојното поле за да биде во позиција на сила на преговарачката маса со Русија, а единствен начин да сопре војната, според Столтенберг, е Путин да ги повлече своите сили целосно од Украина.

Сепак генералниот секретар предупреди дека оваа војна може да трае уште долго и дека примарна одговорност на НАТО е да не дозволи ескалација на конфликтот надвор од Украина и на НАТО територија. Едно од прашањата што се поставуваат е дали испраќањето на офанзивно оружје може во Русија да се толкува како инволвирање на НАТО во конфликтот.

Столтенберг повтори дека НАТО не испраќа оружје директно и не планира да се инволвира.

-Задача ни е да спречиме ескалација, НАТО нема директно да биде инволвиран, не испраќа директно капацитети, туку испорачува поддршка на други начини, рече шефот на Алијансата.

Оружјето, пак, го праќаат земјите членки, и според Столтенберг, тоа не може да се нарече офанзивно, бидејќи се користи за дефанзивни цели со тоа што Украина е нападнатата страна, а нејзиното право на самоодбрана е запишано во Повелбата на Обединетите Нации.

На денешниот состанок изразена е загриженост што Кина “одбива да ја осуди инвазијата“ и “го доведува во прашање правото на земјите да бираат за себе“, рече генералниот секретар.

Во овој контекст идниот стратешки концепт на НАТО кој ќе се усвои во Мадрид во јуни ќе содржи дел кој се однесува на идните односи со Кина и зајакнување на соработката со партнерите во Азија-Пацифик во областа на сајбер и новите технологии, борба против дезинформации, климатски промени и морска одбрана.

-Глобалните предизвици бараат глобални решенија, изјави Столтенберг. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Северна Македонија

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk