По објавувањето на информации за убиени цивили во Буча и други градови и села во Киевската област, Русите се обидуваат да ги сокријат телата, но нема да можат да ја избегнат казната. Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање, пренесува BBC.
„Имаме информации дека по Буча, руската војска ја смени тактиката и се обидува да ги отстрани убиените Украинци од улиците и подрумите на окупираната територија. Ова е само обид да се сокријат доказите за злосторствата извршени од окупаторите“, тој кажа.
Според Зеленски, таквите акции нема да им помогнат на Русите да избегнат казна за она што го направиле, бидејќи украинските власти се свесни за исчезнувањето на илјадници луѓе.
„Благодарение на објективната истрага, сведоците и сателитскиот надзор, ќе ги дознаеме сите околности за повеќето руски воени злосторства во Украина. Потрагата по вистината повеќе не може да се запре“, рече тој.