ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гратис љубомора

April 8, 2022 13:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Палермо- гратис патувањето на неколкумина наши ВИП сограѓани ги разбуричка страстите на сите они кои сакаа да бидат таму во тој момент кога Македонија ја тепаше Италија, а не беа.

Се разбуди исконскиот балкански код на завист и љубомора. Зошто ти, а не и јас.

А не беа само овие тројца познати фаци од јавниот живот гратис, туку цел еден авион со ВИП гости, меѓу кои политичари сегашни и бивши, лекари, адвокати, судии и обвинители и новинари. Меѓу нив, „за беља“, се најде и еден министер за правда. За сите други никој не прашува, кој сè бил во авионот и кој ги ставил на список и дали самите си платиле. Никој не ја пипа ФФМ.

Но овие тројца, кои камерата ги улови како навиваат и се радуваат за победата на Македонија, станаа фокус група и предмет за отстрел на јавноста.

Хајката ја почнаа неколку новинари, потоа следеа дебати по кафулиња и по семејни веселби. За на крај (ако има крај) сите да говорат само за тоа и да се упатуваат прозивки од типот признај, признај „пи*да ти материна од каде тебе пари, кој ти платил, покажи ги сметките.

Наеднаш целата медиумска фела се нафрли врз нив, ко божем направиле злосторничко здружување со несогледиви последици по буџетот на државата.

Сите станавме моралисти, како тоа не било етички да се оди на фудбалски натпревар-гратис, па не било баш соодветно обвинител и судија да седат еден до друг, па уште и во друштво на министер за правда. Бре, бре, брее! Чиста љубомора. Со кого да седат, со тебе или со мене! Сигурен сум дека скоро секој што промрчил и два збора против, длабоко во себе посакува да можел и тој да биде таму, гратис. И тогаш би молчел како риба, дури според македонски стандарди и би се пофалил кај што ќе стигне, дека ете, и тој во еден момент бил ВИП и од ФФМ добил гратис патување, на таков историски натпревар. Но кога е за други тогаш ќе бараме влакно во јајцето.

А факт е дека ФФМ самата си прави своја листа на кого ќе му даде гратис. Сега на едни, друг пат на други ВИП гости. И така е од кога е векот. Институтот ВИП не го измисливме ние, тој постои секаде во светот, во секој сегмент од општественото живеење.

Постојат ВИП личности за кои се градат и ВИП ложи на стадиони, во театри, на концерти, во авиони, во хотели.

Но, ние сакаме ВИП-от да важи и за нас малите обични луѓе. Чист комунизам. И што е најчудно оваа синдикално-популистичка идеологија најмногу ја шират новинари. И тоа гарантиирам токму оние новинари кои најмногу и патувале „гратис“. И кои добивале многу работи, гратис. Политичките новинари со патувања со политичарите, спорташите со спортистите, економските новинари можеби се „нај гратис“ бенефицирани од сите, затоа што се опкружени со бизнис елитите, со сопственици на влијателни компании кои имаат гратис дребулии за гратис новинари, на гратис промотивни патувања, на саеми и семинари и слични другарувања.

На тој начин се создава едно неформално политичко-новинарско коруптивно-рекет здружување во чиј круг можеш да влезеш, но ако не си во него ќе ти се на*бе мајката.

А кога сме веќе кај т.н. обичните, не ВИП граѓани, кои се подложни на влијанието на овие дружби од погоре, забораваат дека и тие се влезени во системот на „гратис“ живот. Секој од нас има свои гратис услуги; преку ред во болници, по чување зејтин по поевтина цена по супермаркети, вработување преку роднини и пријатели, на фудбалски и ракомет натпревари од локално значење, гратис билети за на концерт на Цеца на пиво фест во Прилеп. Да не зборуваме за тоа колку купони за летен одмор добија наши сограѓани кои гратис си го сончаа газот по македонските хотели за време на пандемијата, можеби за прв пат во својот живот.

Па сите нам секој ден ни е гратис, со ови плати, со овие пензии, со овие цени и со овие болести.

Но тоа ти е. Ние сме ти на еден чуден начин комбинација на доброчуден и истовремено завидлив народ. Затоа и љубомората ни е „гратис“!


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

 

Next Post
фото: hvylya.net

Русија реши да испрати „елита“ од Тува во Украина во гумени чизми

НАЈНОВО

Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk