Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник, информираат од МВР.
Изречени се 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 40 мерки за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пипува во соопштението.
Од МВР известуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
			




