Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине војната во Украина, објави Tsn.ua.
Според него, Владимир Путин се карактеризира со империјално размислување, „нам познато од XIX, XVIII, XVII и други векови“.
„Ја уништувате иднината на вашата земја“, му рекол германскиот премиер на рускиот претседател, говорејќи за време на собирот на социјалдемократите во Либек.
Канцеларот исто така рече дека виновниците за воени злосторства во Буча кај Киев треба да бидат казнети.
„Невозможно е да се заборави ова“, рече Шолц, додавајќи дека Берлин ќе продолжи да ја снабдува Украина со одбранбено оружје.
Претходно се дозна дека Германија води доверливи разговори со Киев за можни безбедносни гаранции што би можела да и ги понуди на Украина да ја обезбеди нејзината безбедност по руската инвазија.
подготви: Жорж Димовски