Нехамер зборуваше со Путин прилично грубо. Австриецот изјави дека преговорите со рускиот претседател не биле пријателски, пишува Телеграф.
Во Москва заврши средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Карл Нехамер. Тој го повика диктаторот што поскоро да ја прекине војната во Украина и се закани со сериозни последици.
Средбата се одржала лице в лице во една приградска куќа во сопственост на Кремљ.
На средбата меѓу Путин и Нехамер немало ниту помошници, ниту преведувачи, бидејќи рускиот претседател зборува германски. Притоа, не се очекуваа јавни изјави и прес конференции веднаш по завршувањето на разговорите.
Пред средбата меѓу лидерите на двете земји, шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг објавил изјава дека Нехамер планира да открие дека Путин веќе изгубил во војната со Украина.
„Важно е да му кажеме на средба тет-а-тет каква е реалноста: претседателот Путин де факто морално ја загуби војната. Треба да биде во негов личен интерес некој да му ја каже вистината. Мислам дека е важно и ние мора да го направиме тоа ако сакаме да спасиме човечки животи“, рече Шаленберг за време на говорот во Брисел.
А по средбата, австрискиот канцелар ги потврди зборовите на својот колега и ги даде следните изјави:
- Средбата со Путин не беше пријателска посета, разговорот беше многу тежок и отворен.
- Војната во Украина мора да заврши бидејќи во војна има само губитници од двете страни.
- Санкциите против Русија ќе останат во сила и ќе се интензивираат.
превод: Жорж Димовски