Нов збор се појави во Urban Dictionary, онлајн речник на англиски сленг, како реакција на целосната инвазија на Русија на Украина – “Ukrained“. Овој глагол може да се преведе како „украинизиран“ или „да се биде украинизиран“.
„Кога си ти Русија и се обидуваш да освоиш некоја земја, а за возврат добиваш понижување на глобално ниво“, се вели за најпопуларното толкување на овој неологизам.
Технички термин: Русија е украинизирана. Има и проширено толкување.
„Кога втората по големина клептокрација во светот, предводена од ментално ограничен и неспособен апарат, решава да се пробие на територијата на својот мирен сосед и како резултат добива таков удар што економијата се враќа во камено доба“,
Вооснова тоа е кога некој грозен миризлив тип се обидува да те малтретира и завршува толку лошо што неговите внуци ќе пренесуваат срамот на нивните внуци.
Урбан речник е создаден во 1999 година од Арон Пекам за да објасни зборови и изрази поврзани со сленг, јазици на етничките и други субкултури и не се наоѓаат во стандардните речници. Материјалите се уредуваат од волонтери и се оценуваат од посетителите на страницата.
превод: Жорж Димовски