Казнети се 314 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.





