Има одреден вид романса што доаѓа со инвестирање во парче винтиџ накит, како пишување нови поглавја во добра книга. И со колективната промена на модната индустрија кон одржливост и половна мода, најдобриот винтиџ накит е идеален начин внимателно да внесете „нови“ предмети во вашата гардероба, пишува Воуг.
Елегантни „чокери“
Изработени од елегантни метали и уметнички силуети, некои од најдобрите примери на винтиџ чокери се манифестираат смело. Одговараат над бела маичка или со остра кошула од поплин за доза на модерен минимализам.
Крупни синџири
Синџирите од тешки метали беа главен накит во текот на децениите и особено добро се препознатливи во категоријата нараквица. Носете ги над часовник или комбинирани со нежни тенки синџири.
„Коктел“ прстени
Концептот на прстен за коктел се чувствува во смисла дека е резервиран за славенички, свечени прилики. Прифатете ја уметноста на дотерување со чување на винтиџ опција на ваков прстен во вашата кутија за накит.
Моќни првирзоци
Не е за оние со слабо срце, храбар ѓердан со приврзок е главното откритие во категоријата винтиџ накит, а иконските куќи како „YSL“ и „Celine“ се сигурни извори за овие уметнички дела.
Бисери
Прескокнете го еднослојниот бисер и упатете се директно кон еден од овие примери на повеќеслојни бисерни ѓердани и нараквици. Овој традиционален скапоцен камен добро се комбинира со нешто современо, како блуза или проѕирен фустан.
Колку повеќе историја и културен контекст има да понуди накитот – толку е подобра облеката.
подготви: Марија Миткоска