ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Позитивни 2,4 % од тестираните, оваа недела се очекува дополнително олабавување на КОВИД-мерките

April 12, 2022 08:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од вкупниот број тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни се околу 2,4 проценти од новите случаи или 23 новозаболени на 953 тестирања, од кои еден е случај на реинфекција. Најголем број новозаболени има во Скопје – 19, како и најмногу активни случаи – 621.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден починато е едно лице на 80-годишна возраст во болнички услови со коморбидитети.

Забележани се 190 оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи на ниво на држава е 1.211.

Во текот на оваа недела се очекува Владата да ги прифати мерките што Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела, односно укинување на задолжително носење маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеки, јавен превоз и домови што згрижуваат лица. Исто така, препорачано е да не се следат контактите на новозаболените.

Засега остануваат актуелните мерки, учениците од средните и основните училишта немаат обврска да носат заштитна маска во училиштата, а дозволено е да се организираат училишни екскурзии. Студентите повторно ја следат наставата со физичко присуство, но задолжително е носење заштитна маска. Исто така, зголемен е капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти и во шопинг центрите.

Во Грција вчера беа утврдени актуелните мерки што ќе важат до 18 април оваа година. За влез во земјата потребно е европски дигитален сертификат за КОВИД-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. Непроменета останува и мерката за задолжително носење маска за сите затворени простори, а за влез во сите објекти, потребен е документ за Ковид-19 кој се скенира со специјална апликација. Исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Главниот координативен кризен штаб ги усвои предлозите за укинување на обврската за носење маски во затворен простор

НАЈНОВО

Скриншот

Европските лидери го поздравија договорот за Газа

October 9, 2025

Локомотива го најавува есенското издание на Перформанс Платформа Фестивалот

October 9, 2025

„ПМГ Рекордингс Фестивал 14“, од 16 до 18 октомври – од електроника до поп, од поезија до трап

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk