Шефот на Белорусија, Александар Лукашенко, одговори дали земјата треба да се обедини со Русија. Тој ја отфрла оваа можност, велејќи дека државите ќе соработуваат, јавуваат белоруските медиуми, пренесува Бигмир.нет.
„Јас и Путин не сме толку глупави за да постапуваме по стари методи. Ние ќе изградиме такво единство на две независни држави што тие ќе учат од нас. Тие ќе научат!“, вели Лукашенко.
Земјите, меѓу другото, заедно ќе ги „надминат санкциите“, објаснува тој.
„Ние секогаш велиме: од Брест до Владивосток. Ова е нашата заедничка татковина, каде што денес има две независни држави“, рече тој.
Да потсетиме дека за време на средбата со Лукашенка, Владимир Путин го пофали за организирање преговорите со Украина.
Превод: Жорж Димовски