ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неделков пред средбата во МОН: Оптимисти сме за денешната средба

April 13, 2022 15:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на тоа што денеска и официјално од Министерството за образование и наука имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем односно максимални напори да се доближат со процентот што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков пред почетокот на средбата во МОН од кое денеска добиле покана за нова средба за преговори за платите.

Три дена се штрајкува, а претходно, рече тој, поминаа и 30 дена во преговори, но не е добиен конкретен предлог на барањето на СОНК.

-Од таа причина убедени сме дека денеска ќе имаме нешто повеќе да и соопштиме на јавноста. Во секој случај, ние сме секогаш отворени за соработка, максимално сме конструктивни и сакаме што побрзо штрајкот да заврши, се во интерес на учениците и на родителите, изјави Неделков пред средбата закажана во 15 часот во МОН.

На прашање дали утре во училиштата ќе прекине штрајкот доколку денеска биде постигнат договор со МОН, Неделков одговори дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и од тоа колку, како што рече, „ние брзо и ескспедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации“.

-Тоа би значело во поладневните, вечерни часови, за  повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионални одбори сумирани резултатите за вечерва, ноќеска, Советот на СОНК да донесе одлука. Теоретски е возможно, но практично сме цајтнот со време. Да бидеме оптимисти – ако навистина има добар предлог, ние не би спиеле цела ноќ, би работеле со нашето членство за да изнајдеме решение. Но, велам, ако имаме соодветна, коректна понуда која навистина ќе може да помине во членството, рече Неделков.

Поканата за нова средба во обид за договор за платите на вработените во образованието и градинките беше најавена во понеделникот, на првиот ден од генералниот штрајк. СОНК денеска добил покана од МОН откако претходно на Фејсбук ја поздрави заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование.

Министерот Јетон Шаќири во интервју за ТВ Алсат вчера изјави дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.

– Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави денеска Неделков на Фејсбук.

Министерот за образование и наука во интервјуто изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои  предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК./MИА/.

Next Post
Дарко Каевски/ Фото: Фронтлајн.мк

Каевски за Фронтлајн: Ако опозицијата не го блокираше Законот за наставници, платите сега ќе беа зголемени

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk