Водачот на Кремљ Владимир Путин верува дека во Федерална служба за безбедност има предавници, пишува NV.ua.
Во Русија започнаа чистки во редовите на ФСБ, чии разузнавачки служби му дадоа на Кремљ неточни информации за ситуацијата во Украина, што резултираше со целосен неуспех на „Блицкригот на Путин“. Порад тоа досега се суспендирани околу 150 специјалци, а некои, меѓу кои и шефот на таканаречената 5-та служба, Серхиј Беседа, се приведени.
„Очајниот руски претседател лови предавници откако западните разузнавачи ги добија борбените планови на неговата земја пред инвазијата. Тој бара виновници и за тоа што неговиот воен напад не доведе до брза победа. „Синоќа се дозна дека генерал-полковникот Сергеј Беседа, шеф на одделот за надворешно разузнавање на ФСБ, по домашниот притвор е префрлен во центарот за строг затвор Лефортово во Москва“, пишува Daily Mail.
Превод: Жорж Димовски