Настан: Судот заплени уште 154 објекти на движен и недвижен имот на семејството на кумот на Путин Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, објави Државното истражно биро, пишува Expres.
Детали и коментари: Според ДБР, одлуката ја донел Окружниот суд во Личакив во Лавов. Меѓу запленетото се: 26 автомобили, 30 парцели, 23 куќи, 32 стана, 17 паркинг места и моторна јахта. Запленети се и акции во капитал на 25 компании, чијшто вистински сопственик е Виктор Медведчук или неговата сопруга. Претходно, истражителите на ДБР и обвинителите на Јавното обвинителство ја запленија и јахтата на Медведчук и другиот недвижен имот.
Треба да се напомене дека од мај 2021 година Медведчук е во домашен притвор под сомнение за предавство и обид за грабеж на национални ресурси (нафта и гас) во окупираниот Крим, а од октомври – исто така под сомнение за предавство и помагање на терористичка организација преку купување јаглен.
Според „Њујорк тајмс“, Виктор Медведчук бил вклучен и во американската истрага за мешањето на Русија во претседателските избори во САД преку врските со Пол Манафорт.
На 21 февруари 2022 година беше одземен имотот на Медведчук во Киев, а на 27 февруари се дозна дека 67-годишниот проруски политичар избегал од домашен притвор. Специјална група на Службата за безбедност заедно со обвинители трагаа по избеганиот пратеник. Јавното обвинителство уверуваше дека Медведчук не побегнал во странство. На 12 април се дозна дека е уапсен во Украина. Медведчук се обиде да ја напушти земјата преку Придњестровје. Според личниот телохранител на кумот на Путин, политичарот и неговиот личен готвач се криеле во луксузна трикатна куќа од 772 квадратни метри на улица Јаслинска бр. 11в во близина на Протасовската клисура а месечна кирија беше 13 илјади долари.
На 13 април, видео од сопругата на Медведчук, Оксана Марченко, му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски барајќи „итно ослободување на нејзиниот сопруг, лидер на опозицијата“. Сопругата на политичарот, која на 28 април ќе наполни 49 години, му се обрати и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Превод: Жорж Димовски