Од почетокот на руската инвазија врз Украина загинаа 197 деца, соопшти денеска канцеларијата на главниот украински обвинител, додавајќи дека 351 дете е повредено, јавува МИА.
Повеќето деца загинале во регионите на Доњецк, Киев и Харков, соопшти канцеларијата.
Според кабинетот, вистинскиот број на убиени деца веројатно е поголем.