Корисниците видоа многу фатални случајности во анимираниот детски филм од 1973 година, пишува Tsn.ua.
Советскиот цртан филм „Богатства на потонати бродови“ од 1973 година произведен во руското филмско студио „Сојузмултфилм“ активно се дискутира на Интернет.
Факт е дека во анимираниот филм беа пронајдени многу фатални коинциденции. Според заплетот на филмот, три деца од пионерски камп барале потонат брод со злато во морето за да му помогнат на момчето по име Мвамба и децата од неговата земја. Во потрага по децата отиде на подморница наречена „Нептун“.
На дното пронашле потонат брод на кој имало натпис „Z 29“: „Се е јасно, ова е фашистички разурнувач. Нацистичките разурнувачи биле означени со буквата Z“, вели момчето во цртаниот филм.
Според приказната, од бродот исплива торпедо, кое децата го предале како старо железо, а со заработката купиле подароци за Мвамба и децата од неговата земја.
Но сега е интересно што „Сојузмултфилм“ во паника веќе почна активно да го отстранува овој цртан филм од Интернет.
Овие коинциденции ги запрепастиле корисниците на мрежата: „Каков пророчки цртан филм, потонат руски брод..“, „Симпсонови“ со нивните пророштва нервозно гледаат од страна“, „Случајност? Не мислам“, „И “Москва“ беше разнесена од ракети Нептун“, пишуваат во корисниците.
Да потсетиме дека на 13 април избувна пожар на рускиот крстосувач “Москва“, предводник на Црноморската флота на Руската Федерација, поради удар со украински ракети Нептун. После тоа, бродот почна да тоне. Во Руската Федерација тврдат дека наводно на крстосувачот експлодирала муниција.
Превод: Жорж Димовски