Денешната одлука на таканаречениот руски „суд“ за затворање на украинскиот државјанин Емил Зијадинов на 17 години е уште една манифестација на политички прогон и репресија врз Кримските Татари, што руските окупатори систематски ја спроведуваат по илегалната анексија на Крим, напиша на Твитер, заменик министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џепарова.
Today’s decision of so-called #Russian “court” to imprison Ukrainian citizen Emil Ziyadinov for 17 years is another manifestation of political persecution& repression against #CrimeanTatars,which??occupiers are systematically using in #Crimea after attempted illegal annexation1/2 pic.twitter.com/BCFSTL1kEB
— Emine Dzheppar (@EmineDzheppar) April 19, 2022
„Ја повикуваме меѓународната заедница да ја осуди руската употреба на незаконската практика на гонење на украинските граѓани на привремено окупираните територии и да го зголеми политичкиот, дипломатскиот и санкциите притисок врз неа“, напиша Џепарова.
Денеска навршуваат 5 години откако Русија намерно го дискредитираше Меѓународното право, пишува Џепар.
„Русија е криминална држава која ја игнорира наредбата на Меѓународниот суд на правдата за укинување на забраната за активност на Меџлисот на Кримските Татари.
Меџлис е единственото највисоко извршно-претставничко тело на Кримските Татари во периодот помеѓу седниците на Курултај (националниот конгрес) на Кримските Татари. Меџлисот е институција – членка на Платформата за Европска Меморија и Совест.
Меџлисот беше забранет од Русија во 2016 година поради „употреба на пропаганда на агресија и омраза кон Русија, поттикнување етнички национализам и екстремизам во општеството“ и наведена како „екстремистичка организација“, две години по руската анексија на Крим во 2014 година Крим.
На денешен ден, во април 2017 година, Меѓународниот суд на правдата ја испорача својата наредба со барањето за укажување на привремени мерки, според кои Русија мора да ја укине забраната, но Руската Федерација ја игнорираше, и одби да се усогласи со обврзувачката одлука.
И. З.