Основачот на холдингот „Стройгазконсалтинг“, рускиот олигарх Зијад Манасир (со богатство од 10 милијарди УСД), ја ставил својата палата на продажба, пишува телеграмскиот канал Mash.
„Ако имате дополнителни 10 милијарди рубљи, можете да аплицирате за да го купите овој имот во местото Бережка . Бизнисменот Зијад Манасир ја ставил својата куќа на продажба“, се вели во соопштението.
Според Mash, основачот на Холдингот „Стройгазконсалтинг“ нуди исклучително профитабилно решение за хипотека на 2.000 години“.
„За околу 124 милиони долари добивате: сали за кино и караоке, трпезарија, лифт, два реда мермерни скали, просторија за пушење, канцеларија, вински подрум, магацин, библиотека, сопствена оранжерија, спа-центар и уште многу, многу атракции“ – се вели во пораката.
Во 2019 година, Mash напиша дека вредноста на палатата Манасир е околу 12 милијарди рубли, и со тоа ги надминува сите куќи во Русија, станувајќи топ 1 по цена и инвестиции.
превод: Жорж Димовски