По назначувањето на Министерката за одбрана Г-ѓа Славјанка Петровска, НСО реализираше неколку работни состаноци на кои што беа изнесени повеќе клучни прашања помеѓу кои и прашањето за пензионирање на вработените во Армијата, во соопштение истакнуваат од Независниот синдикат на одбраната.
„На состанокот кој беше одржан на ден 13.04.2022 година беа сублимирани резултатите од преговорите кои претходно беа водени помеѓу претставниците на состаноците и на истиот е договорено Министерката за одбрана да иницира законски измени во постојаниот закон во однос на членот за пензионирање, со тоа што 40 години работен пензиски стаж за мажи и 38 години работен пензиски стаж за жени без оглед на години на старост би биле основа за заминување во пензија за сите вработени во Армијата, како и изработка на нов Закон за вработените во одбраната.“, се вели во соопштението.
– Независниот синдикат на одбраната го поздравува пристапот на Министерката за одбрана за можноста редовно да се одржуваат состаноци за клучните работнички прашања, а со тоа и развивање на социјалниот дијалог на високо ниво, стои во соопштението.