ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од денеска нов ковид-протокол во Собранието

April 19, 2022 07:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот.

За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи,

-Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и  во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираа од Собранието по одржаната координација.

Од собраниската прес-служба соопштија и дека Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

-На редовната координација што се одржа во Собранието на  Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на Република Северна Македонија на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.

На дневен ред на 69-та седница се предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), како и предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Пратениците, меѓудругото, ќе расправаат и за предлог-законите за инспекицски надзор во животната средина, како и за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кои се со европско знаменце.

На дневен ред се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, и по скратена постапка предлог-законите за изменување на Законот за заштита на децата, за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, за изменување на Законот за заштита на децата.

Собранието ќе одржи и продолженија на 68-та и 64-та седница.

Од Собранието потсетуваат дека со оглед на техничките проблеми со веб страницата на Собранието кои се предизвикуваат поради тековните подготовки за пуштање во употреба на новиот собраниски сајт, новинарите, доколку им се потребни одредени документи, да се обратат по електронски пат на следните адреси за електронска пошта: [email protected] [email protected] . /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Претседателката на ДКСК треба да си поднесе оставка од морални причини

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk