Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на „Tin eye“ – сајт за пребарување и препознавање фотографии, оваа фотографија е објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl. Но, според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата може да се најде и на руски сајтови кои тврдат дека е направена во Ирпен, Украина во 2018 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Вирален пост на Фејсбук (во моментот на нашата рецензија има 400 реакции, 85 коментари и 27 споделувања) прикажува фотографија од две згради залепени една до друга, а која тврди дека е снимена во Скопје. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.
Никогаш поблиски соседите во Скопје!, се вели во постот што го рецензираме.
Постот споделува и напис кој само има преземено твит со фотографијата, без притоа на читателот да му се понудат подетални информации каде во Скопје се наоѓа зградата, во која населба или на која улица. Тоа фрла сомнеж врз нејзината веродостојност.
Скопје 2024 pic.twitter.com/gLDcP3t3rQ
— Суљо и Муљо(заеднички профил) (@SeniEni) April 11, 2022
„Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини (ТУКА, ТУКА, ТУКА, ТУКА).
Според информациите кои ги најдовме на Tin eye – сајт за пребарување и препознавање фотографии, оваа фотографија е првично објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl , а во коментарите под сликата се вели дека е снимена во Полска.
Но, она што е интересно е дека оваа фотографија ја најдовме и на руски сајтови. Според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата е објавена уште во октомври 2018 година и потекнува од Ирпен, Украина.
Развојот на Ирпен е болна тема за локалните жители. Но, авантуристичките идеи на архитектите ќе ги загрижат потенцијалните жители. Кои се балконите на новата зграда на ЛЦД „Фламинго“ објавена од новинарката Михаилина Скорик, пишува сајтот atmbud.ru
Според новинарката Скорик, како што пишува сајтот Atmbud, на фотографијата е прикажан станбениот комплекс „Фламинго “во Ирпен (Украина).
Фотографијата е објавена и на сајтовите Новости и Facenews, кои, исто така, посочуваат дека е снимена во Ирпен, Украина.
Според тоа, со сигурност може да се каже дека зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не се во Скопје. На социјалните мрежи постојано се шират секакви фотографии и написи, кои треба да се проверат пред да се користат како новинарски содржини.