Министрите на Г7 изразуваат жалење за учеството на Русија на меѓународните форуми, вклучувајќи ги состаноците на Г20, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка оваа недела, пишува Unian.
Земјите од Г7 се подготвени да направат повеќе за Украина доколку е потребно.
Министрите за финансии на земјите од Г7 изјавија дека, заедно со меѓународната заедница, ќе обезбедат повеќе од 24 милијарди долари дополнителна поддршка за Украина во 2022 и 2023 година.
„Наспроти позадината на тековната брутална руска агресија, како резултат на страдањето на украинското население и на продолженото уништување на самата земја, ние сме подготвени да направиме повеќе доколку е потребно“, се вели во соопштението.
Министрите во својата изјава додаваат дека жалат за учеството на Русија на меѓународните форуми, вклучувајќи ги состаноците на Г20, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка оваа недела.
„Меѓународните организации и мултилатералните форуми повеќе не треба да ја водат својата работа со Русија на вообичаен начин“, рекоа министрите на Г7.
Министрите за финансии понудија и „непоколеблива поддршка и искрена солидарност со украинскиот народ и влада“. Продолжуваме да ја поддржуваме Украина“, се вели во соопштението.
Економија на Украина – прогнози
Како што претходно објави UNIAN, економијата на земјата страда поради војната, а Светската банка предвидува дека ќе падне за 45% до крајот на 2022 година.
Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека украинската економија ќе се намали за 35% оваа година поради војната.
Украинските власти велат дека имаат дефицит од 5 милијарди долари месечно.
Премиерот Денис Шмихал рече дека сега буџетот се надополнува благодарение на издавањето воени обврзници, поддршката на партнерите и меѓународните финансиски организации.
Превод: Жорж Димовски